Охридската кошаркарска школа со своите надежи во младинската м-14 лига на домашен терен забележаа нов триумф победувајќи ги противниците или подобро речено го декласираа Водњански Лисици од Скопје со 126-33.

Мечот, кој требаше да се победи како би ја зацвртиле позицијата на средината на табелата Колибрите кои беа подготвени на предизвикот ја добија со огромна разлика што не беше баш очекувана од никого пред утакмицата и беше големо изненадување.

Шанса добија сите 12 играчи на утакмицата а и сите го оправдаа своето играње со тоа што сите играчи ја извршија својата задача до максимум и сите се запишаа во листата на стрелци.

Ohridnews