Убедлив триумф на “колибрите“ на гостувањето во Битола кај екипата на Јуниор-Битола со високи 43:76. Охриѓани доминираа на паркетот, а разликата како што одминуваше времето така се зголемуваше .
Најефикасен на натпреварот беше Александар Рочески со 19 поени, двоцифрени завршија уште Баткоски Филип 16 поени,Стојаноски Димитар 11 поени и Настески Ристе 12.
Поени во високата победа постигнаа уште и Голабоски Зоран 9 поени, Шазиман Туран 5 поени и Јакимоски Никола 4 поени.
Во наредното коло „Колибрите“ играат против екипата на КК.Младост-Битола во Битола.