Охридските Колибри ја победија Струмица со 70 :53 (14:10,21:19,9:11,17:14) и со победа стартуваа во мечевите од кошаркарската супер лига.


Охриѓани имаа контрола во текот на целиот меч, и во ниту еден момент не беше доведен до прашање конечниот победник. Туран Шазиман беше најпрецизен со 30 поени.


Посебно ме радува фактот што одигравме дисциплинирано во одбраната комбинирајќи ја играта човек на човек со зона и игра фластер. Успеавме да ја сопреме на шутерската и најпрецизна екипа во лигата која по просек дава по 83 поени по натпревар,  да ја сведеме на постигнати 53. Јас сум горда на овие млади кошаркари кои го оставија срцето на паркетот и покаажа дека ја сакаат и играат кошарката со срце – рече тренерот на тимот , Весна Балазоска.

Следно коло се игра во вторник од 13 часот, во спортската арена “Атина Бојаџи“, а противник на охриѓани е екипата на Вардар од Скопје.

М.П.