Само еден натпревар викендов одиграа охридските “колибри“ а и тој заврши со прекин поради незадоволство на охриѓани од делењето на судиската правда како и односот на гостите од Скопје.

Во нашата редакција пристигна реакцијата на КК “Колибри“ испратена до МКФ во која се вели :

Почитуван Комесаре,

1. Натпреварот КК.Колибри-КК.Пантери – Скопје , кој беше закажан на ден 13.03.2010 год. во 16.00 часот, започна во 17.00, поради каснење на гостинската екипа, без никаква конкретна причина, само телефонски повик- “Чекај те не` доаѓаме” при што нашиот термин од 2 часа беше продолжен за плус 2 часа и нашата екипа бесе оштетена финансиски, плаќајќи го прдолжениот двочасовен термин.

2. Во лиценците на КК.Пантери, од страна на судиите бесе констатирана неправилност поради две лиценци, на кои на фотографиите недостигаше печат на КФМ. Во консултација со Вас судијата Ангел Огненов изјави дека играрчите немаат право да настапат. Тренерот на КК.Пантери бурно реагираше при што го примора судијата да ја промени одлуката и го наговори на уште еден телефонски разговор со Вас, при што одлуката беше променета И играчите имаа право на настап.
3.Во третата четвртина при резултат 52-53 за гостинската екипа, после два нереализирани напади тренерот на КК.Пантери реагираше до судиите дека неговата екипа е оштетена за два поени-при што морам да нагласам дека натпреварот се играше во СРЦ. “Билјанини Извори“ со семафор, на кој уредно бесе испишана секоја лична грешка и секој поен, на што реагираше цела публика и игарчите кои беа оцевидци на теренот. Бидејки тренерот на почетокот се покажа како авторитетна личност према судиите , менувајки ја првата одлкуа за неиграње на двајцата играчи, судиите си зедоа за право да го корегираат резултатот и да му додадат уште два поени на КК.Пантери. По таа одлука следеше жестока реакција од страна на домашната клупа и публиката во салата при што следесе нова промена на одлуката. т.о. бришење на тие два поени.Корекција на такви одлуки имаше уште два пати па по прекин од 20 мин натпреварот продолжи .

4.После ваквиот епилог на настаните на теренот постоесе само една екипа, екипата на КК.Пантери, за која судиите максимално се заложија, поготово судијата А.Огненов кој во рок од 1 мин. 50с. досуди 5 л.грешки на екипата на КК.Колиби., а ниту една лична, газење на аут линија, фалул во напад и ред други работи на екипаат на КК.Пантери.

5.За ситуацијата да биде уште потрагична во текот на играта играч на КК.Колибри, при влез на двочекор му беше распарчена усната од внатрешната страна,(за што нормално немаше фаул), без видлива крв надворешно, судијата Огненов ја прекина играта и бараше принудна измена, на што сите присутни реагираа, а бидејки играчот немаше видилви траги на крв и не се залеше на повреда, само дамка на дрес, судијата го отсрани надвор од теренот, И притоа досуди техничка греска по што играта беше прекината.

6.По консултација на клупата на домаќинот а и присутните во салата околу 100 гледачи, беше одлучено да се прекине натпреварот, на што тренерот на екипаат на КК.Пантери зачудено се  прашуваше дали е нормално да постојат такви судии – истиот тој тренер кој им смена 100 одлуки во текот на натпреварот.

Екипата на КК.Колибри ги отпоздрави играчите и тренерот на гостинската екипа и се повлече во соблекувалната одбивајки да го одигра натпреварот.

7.Жалосно е децата да се сведоци на една нечесна и подмолна игра на” судии”, кои добиваат  право да делат Правда, а незнаат ни 1/3 од кошаркарските правила.

Се надеваме дека Вие како комесар а и судиската комисја во иднина ќе реагирате на ваквите немили настани, кои сме сведоци дека во последно време ги има многу, бидејки ниедно дете не ги брани боите на својот клуб-град, за да дојде некој судија да го демотивира психички и да го доведе во ситиуација да се прасува за што ,кого и по кои правила да игра !“

Ohridnews