Охридските Колибри генерација 94 викендов гостуваат во Тетово каде го совладаа КК. “Балтепе“ со резултат 79-93.

Во текот на целиот натпревр Колибрите имаа висока предност, која на момент достигна и до високи 30 поени.

Најефикасни на мечот беа Шазиман Туран 26 п, Баткоски Филип 15 п , Стојаноски Димитар 13 п , Рочески Александар 11 п.

Нареден противник е екипата на “Ангели“- Скопје. Натпреварот се игра  во Охрид, недела (12.30 ч) во салата при ОУ Христо Узунов.

Колибрите ген `95 год играат во Скопје против екипата на Чаир.

ohridnews