Охридските Колибри го совладаа актуелниот македонски првак Младинец со 68-54, забележувајќи ја првата победа во сезоната.


Изедначено се играше во првите три четвртини во кои ниту едните ниту другите не успеаа да направа осетна предност. Охриѓанки отпорот го скршија во финишот на мечот кога благодарение на одличната тимска игра направија серија 8-0 и се одлепија на високи 58-45.

Првакот се обиде да се врати во мечот, но сите надежи паднаа во вода кога на минута и пол до крајот при резултат 62-54, се повреди најдобрата гостинска кошаркарка Митрашиновиќ која уфрли 31 поен.


Рајчиноска со 22 беше најефикасна кај охриѓанки, 21 поен придодаде Балазоска, додека Миладиновска застана на 13. 7 поени постигна Каровска, Ангеловска 4, додека Цветаноска 1.

Колибри во наредното коло му гостуваат на Клубски  во Делчево .

ТАБЕЛА I ЛИГА ЖЕНИ

#

екипа

он

пн

зн

кз

кп

кр

б

1

Вигор Скопје

2

2

0

188

75

113

4

2

Пантери

2

2

0

142

97

45

4

3

Бадел.К

2

2

0

122

102

20

4

4

Вод. Лисици

2

1

1

113

108

5

3

5

Струга 2009

2

1

1

112

112

0

3

6

Младинец

2

1

1

115

124

-9

3

7

Колибри

2

1

1

104

134

30

3

8

Трокал

2

0

2

102

118

16

2

9

Студент

2

0

2

99

143

44

2

10

Клубски

2

0

1

89

173

84

2

Наредно коло: Клубски – Колибри, Студент – Вигор, Бадел – Пантери, Трокал – Вод.Лисици, Младинец – Струга.