Колибрите генерација 92-93 со цел плен се вратија од гостувањето во Куманово. Охриѓани со плус 33 разлика ја совладаа Ринија 82-49 (4:17,19:18,14:15,12:31).

Туран Шазиман беше најпрециен со 31 поен, двоцифрени мечот го завршија Бојоски Петар 15 и Голабоски Зоран 13. Во листата на стрелци уште се запишаа Михајлоски Петар 9, Филески Ивица 4, Здравески Ѓорѓи 4 и Танаскоски Никола 6.

М.П.