Охридските “колибри“ со 66-60 го совладаа струмички Милениум и го изедначија резултатот на 1-1 во серијата подобар од три“ за пласман во најдобрите четири во разигрувањето за титулата за кошаркари генерација `94.


Победата на Колибрите добива на значење ако се знае дека Милениум е бранител на титулата во првенството. Охриѓани благодарение на одличната одбрана имаа предност во текот на целиот натпревар.

Најефикасен на натпреварот беше Туран Шазиман со 23 поени, Филип Баткоски постигна 9, Настески Ристе 10, Рочески Александар 10, Голабоски Зоки 8, Стојаноски Димитар 6 .

Мајсторката се игра наредниот викенд во Струмица во 13.00 часот.

М.П.