Охридските Колибри во резултатски неизвесен натпревар ги победија Пантери со 59-58 и го задржаа 100 настотниот ефект на домашен терен. За охриѓани ова беше четврти триумф дома, петти воопшто.


До победата “белите“ стигнаа откако беа поконцентрирани во пенал завршницата и со поените на Рајчиноска ги добија скопјанки.


Најпрецизна кај домаќинќите беше Миладиновска со 19 поени, најмногу за неа сезонава, 18 уфрли Балазоска, Рајчиноска 9, Цветаноска 7, Каровска и Ангелоска по 3.


Во последното коло од есенскиот дел од шампионатот Колибри гостува кај Трокал во Кавадарци.

Ohridnews