Охридските кошаркарски надежи во младинската м14 лига на домашен терен забележаа нов триумф победувајќи го Глобал од Скопје со 100-46.
Мечот, кој требаше да биде дерби колибрите го решија уште непочнат бидејќи нивната желба за реванш за неправедниот пораз на стартот од шампионот пресуди за победникот.
Најефикасни во составот на Колибри беше Кузманоски со 42 поени, Џепар постигна 12, Киселинов П, 10, Димитриевски 6, Јованоски Б. 7, Јованоски Ј. 6, Осман 2 и најмладиот играч Трајчески 4.
Мх.П.