Екипата на Струга стигна до првата победа во женското кошаркарско првенство откако на домашен терен со 57-46 ја совлада екипата на Трокал во воведниот натпревар од второто коло. Вигор Скопје во врв го наполни кошот на Клубски победувајќи со 108-39.


Охридските Колибри попладнево во арената “Билјанини Извори“ го пречекуваат шампионот Младинец. Се освен чесен пораз би било рамно на сензација.

Натпреварот се започнува од 16 часот.