Кошаркарски клуб Колибри ќе учествува на кампот во Охрид, кој го организира актуелниот македонски кошаркарски првак МЗТ Скопје. Транинзите на кампот ќе се одвиваат на терените од хотелот „Силекс“, а дечињата сместени се во хотелот „Бренд“.

 

Кампот ќе се одвива во три смени и тоа со термини I смена од 26 Јуни до 02 Јули, II смена од 02 Јули до 08 Јули, III смена од 08 Јули до 14 Јули. Секој учесник на кошаркарскиот камп ќе добие по три маици ( една репрезентативна за шетање и две бела и плава за тренинг ) темен шорц за тренинг, стегач, капче, диплома, а за најуспешните следуваат екстра награди.

За сите деца на кампот ќе се грижи лекарска служба која е достапна 24 часа. Kампот е место каде што сите млади учесници низ тренинг и дружење се запознаваат со сите аспекти на спортскиот начин на живот. На кампот би се дружеле со млади кошаркари од цела Македонија и би поминале 7 незаборавни денови во тренинг, забава, дружење и смеење кој ќе останат во трајно сеќавање.

Програмата за работа е осмислена да овозможи на секој учесник да го покаже својот талент, да се натпреварува и да напредува, да научи дека поразите и победите се составен дел од спортот и животот.

Дневната програма на кампот предвидува два тренинга и еден натпревар. Најголемо внимание ќе се посвети на индивидуалната техника, како и добивање вистински насоки за понатамошна работа.

Индивидуални и групни натпревари (натпревари во шут, слободни фрлања и тројки итн). Гости на кампот ке бидат дел од играчи на сениорската екипа на КК МЗТ Скопје Аеродром и други познати реномирани имиња од кошарката.

Ohridnews