Зоран Колевски од Демир Хисар е апсолутен победник на Државното првенство за боди билдери и фитнес кое се одржа во Охрид. Тој покрај титулата шампион на Македонија годинава ги освои најсветлити одличја на Балканското и Европското првенство.

Гледачите во домот на културата „Григор Прличев“ имаа можност да го видат боди билдерскиот крем од Македонија, а Колевски сосема заслужено ја освои првата награда.

Во женска конкуренција триумфираше битолчанката Христина Маркоска, а по дисциплини победија Христијан Манасиевски (Јуниори), Сергеј Цветкоски (до 70 килограми), Зоран Колевски (до 80 кг.), Валентин Талевски (до 90 кг), Стефан Јаќоски (над 90 кг.), Давор Пишов (Бенч јуниори), Мартин Манисевски (Бенч до 82.5), Стефан Поповски (над 82 кг.).

Мх.П.