За првпат во поновата историја се организираше атлетскиот камп „Нови Sвезди“ наменет за млади под 16 години кои во иднина ќе се идните македонски репрезентативни имиња. Настанот го организираше Атлетската Федерација на Македонија во хотелот Молика на Пелистер. Станува збор за категорија на млади кои немаат меѓународно искуство, па тренерите и федерацијата се обидуваат да го надополнат со работа на Пелистер.

Во поновата историја, за првпат во организација на Атлетската федерација на Македонија се одржува камп за деца под 16 години поточно родени 2006 до 2010 година. На овој начин преку кампот сакаме да направиме подготовка за она што ќе ги очекува до година или пак во следните две години. Тренерите ќе имаат шанса да ги запознаат децата и нивните квалитети, истовремено и децата ќе имаат можности да работат квалитетно. Имаме по прогресивен пристап кон нивното подготвување за настапите на репрезентацијата, ги пренесува импресиите Филип Колевски, потпретседателот на АФМ, кој исто така ја има функцијата на тренер.

На кампот во „Молика“ се работеше во групи, а за сите млади се задолжени седум тренери, што пак доволно говори за посветеноста на оваа категорија на деца.

Тука се 23 деца, машки и женски, како и седум тренери кои работат со нив поделени во групи. Имаме група што работи повеќе специјализација, фрлачки дисциплини, скокачки дисциплини, спринт и средни патеки. Овој камп се надевам дека ова ќе постане пракса. Мора да продолжи традицијата се со цел децата постепено да чекорат по вистинските патеки пред посериозни натпревари што ги очекуваат односно меѓународни натпревари за репрезентацијата, истакна потпретседателот Колевски.

OhridNews