Шпанската компанија Суомо креирала луксузна колевка за бебе, од чисто злати, вредна 16,5 милиони долари. Колевката Бејби Суомо е направена од чисто 24-каратно злато. Постелнината која се наоѓа во неа одговара на материјалот од кој е направена надворешноста на колевката, а во прашање е најквалитетна свила во нијанса на шампањско.

Ова не е само обична колевка за бебе во која се минуваат неколку месеци од животот, туку е осмислена да биде дел од престижно семејно наследство, објаснуваат од компанијата. Како се дошло до цената од 16,5 милиони долари сеуште не е јасно, бидејќи 48 килограми цврсто и квалитетно злато не чинат толку, пренесуваат агенциите.