Охридските ракометари со реми и победа го отворија националното првенство, а во третата рунда ги очекува „пеколно“ гостување во Струмица кај тимот на Зомимак.
– Нив без размислување им припаѓа фаворитската улога, но тоа нема нас да не уплаши и патуваме во Струмица по изненадување – потенцираше чуварот на мрежата Кирил Колев за дуелот со струмичани.
Тој најдобро знае што ги очекува „гладијаторите“ в сабота во 18 часот бидејќи во Охрид пристигна од тимот на Зомимак каде настапуваше две сезони.
– Да одиграме мирно и стрпливо поготово во напад бидејќи секоја наша грешка тие ќе ја казнуваат немилосрдно. Ние сме подготвени напорно тренираше цела екипа, па сега дојде време да се надигруваме со сите без никаков респект – заврши Колев.
Покрај Колев од редовите на Зомимак охридскиот состав го засили и Борче Соколов кој игра на левата бековска позиција.
Мх.П.