Чуварот на мрежата на Зомимак, Колев е најзаслужен за победата на струмичани во Охрид. Тој во првиот дел ги фрли во очај охридските ракометари на кој успеа да му скроти 13 удари.


– Не се сеќавам кога последен пат сме одиграле полувреме како против Охрид. Ни една грешка во напад и одбрана со што ја остваривме зацртаната цел да ги освоиме бодовите во Охрид. Сепак ни еден индивидуален успех нема да е целосен ако екипата на крајот не се радува на победата – потенцираше Колев.

Мх.П.