Џовани Мадониа, 32-годишник од Лондон има најголема колекција на барбики во светот. Роден е во Сицилија, а започнал да собира барбики на 12 годишна возраст.
Иако во родното село сите му се смееле, а мајка му едно време му забранила да купува кукли, ништо не го спречило. Вработен е во лондонскиот автомобилски клуб, а има веќе 32 000 кукли. Поголемиот дел ги чува во својот стан во Лондон, а околу илјада му останаа во куќата на Сицилија.