Колекција од 300 шишиња вино од прочуената сорта “Sato Lafit” била продадена на аукција во Хонг Конг за рекордна цена од близу 540 илјади долари, соопштила аукциската куќа Кристи, која ја организирала лицитацијата. Колекцијата, која содржи вина од 1981 до 2005 година била продадена за 539.250 долари, на дводневната аукција од која се очекува приход поголем од пет милиони долари.


Цената на “Sato Lafit” се зголемила за десет пати во последниве години, следејќи го трендот на кинеските купувачи за вино, како на оваа така и на други престижни сорти квалитетни француски вина. Хонг Конг е после Њујорк и Лондон трет аукциски центар на светот, благодарение на енормното зголемување на бројот на кинески милионери, меѓу кои владее голем интерес за квалитетни француски вина.