Една од најголемите приватни колекции на „Swatch“ часовници продадена е на аукција во Хонг Конг за повеќе од шест милиони долари, со што се срушени продукциските проценки. Колекцијата од преку 5800 часовници, во која се нашле и ограничени изданија, со потпис на уметникот Кит Харинг и онаа посветена на 40 годишнината на Џејмс Бонд, продадена е после интензивно наддавање за четири пати поголем износ од проценетата цена.

 

Во преполнзта продажна сала на аукциската куќа Сотби, за колекцијата се натпреварувале тројца потенцијални купувачи, а таа конечно била продадена за шест милиони долари на купувач кој дал понуда преку телефон и кој Сотби го претставил само како „европска институција“. Експертите пред аукцијата процениле дека колекцијата на пензионираниот брокер Пол Данкел би можела да се продаде за 1,3 милиони долари.