Руби Рајт зад себе ја оставила најважната колекција на досега објавени стрипови, која припаѓала на нејзиниот покоен сопруг. Вкупно 345 стрипови ќе бидат изложени на аукција во Њујорк, а нивната вредност би требало да достигне износ од два милиони долари. Мајкл Рорер од Калифорнија изјавил дека мислел како стриповите на неговиот вујко се баш кул, но не знаел колку вредат кога ги пронашол сложени во неговиот подрум.

Кога се вратил дома детално прегледал некои од нив и почнал да се распрашува за нивната вредност. Тогаш дознал дека неговиот вујко уште како дете успеал да купи некои многу вредни примероци и да ги сочува во добра состојба. Лон Ален, претставникот на аукциската куќа, рекол дека ова е само една од оне збирки за кои многумина мислеле дека повеќе не постојат. Рорер рекол дека неговиот вујко, кој починал во 1994 година, никогаш не ја спомнал својата колекција. Стрипот “The Action Comics No. 1” кој го купил кога имал 11 години се проценува на 325 илјади долари, “A Detective Comics No. 27” за Бетмен се проценува на 475 илјади долари. “The Captain America No.2” на Рорер ќе му донесе неверојатни 100 илјади долари.