Германката Оструд Кастаун со својата колекција од кловнови влегла во Гинисовата книга на рекорди, јавиле медиумите. Кловнови, и предмети кои имаат врска со кловновите, собира веќе 15 години и досега собрала 2053. Поради своето хоби морала да се пресели во поголема куќа, а дури и отворила мал музеј, недалеку од својот дом во Есен.


Таа открила дека еден ден на терапија сложувала сложувалка на која била фотографија од кловн. Кловнот толку многу ја привлекол, што оттогаш почнала да ги собира. Рекла дека некои луѓе често ја прашуваат дали се плаши од некои од нив, но таа одговарала дека ги смета исклучително за позитивни ликови.