Русиниот Јури Бабин од Новосибирск во Сибир во својата колекција имал околу пет милиони копејки, стари руски монети кои се стоти дел од рублите. Поранешниот воен офицер монетите почнал да ги собира по пензионирањето во 1998 година. Тогаш во Русија владеела финансиска криза поради која копејките станале скоро безвредни. За 13 години успеал да собере околу 50 илјади рубли во копејки, а неговата колекција сега вреди нешто повеќе од илјада евра.
Ги собирал од улиците и ги менувал за рублите со најниски апоени. Како не би останале само во вреќи за кои Јури обезбедил една соба, со нив ги украсувал просториите и облеката која вреди повеќе од монетите на неа. За украсувњето му помага сопругата Валентина која од почетокот го поддржувала во неговото хоби.