Роман Пиекарски со својот брат отвориле музеј на часовници со кукавица во Велика Британија уште пред 20 години. Имаат 625 стари часовници од целиот свет, што е најголемата колекција од таков вид. Пиекарски раскажал дека неговата страст кон часовниците се појавила додека имал само 15 години.
Одлучил да стане часовничар, а најмногу го интересирале часовниците со кукавица. Рекол дека некогаш му требало и по една година за да ги намести сите часовници, бидејќи се случувало да заборави на кои ги поместил стрелките, а на кои не. Рекол дека животот би му бил многу поедноставен доколку би се укинало зимското и летното сметање на времето.