Јапонецот Митсугу Кикаи е голем обожавател на игрите Супер Марио и е сопственик на најголемата колекција предмети со неговиот лик. Се родил истата година кога Нинтендо на светот му ја покажа првата игра со Супер Марио. Една од првите работи кои ги добил од своите родители била паковка житарици со ликот на виртуелниот јунак. До сега успеал да собере повеќе од 5400 предмети и планира и понатаму да ги собира.
Вели дека никогаш немал намера да стане најголемиот Супер Марио колекционер, но од големата љубов кон играта колекцијата постојано растела. Сега живее во двособен стан во Токио. Една од собите му служи за Супер Марио, а останатиот дел од колекцијата се наоѓа кај неговите родители.