Унгарецот Јозеф Тари е сопственик на колекција од најмалите книги на светот. Минијатурните книги ги собирал уште од 1972 година. Неговата колекција брои повеќе од 4500 книжевни дела, а најмалата книга е со димензии од 29 на 31 милиметри.


Повеќето од книгите се пишувани на унгарски јазик, но има и на шпански, англиски, индонезиски и јапонски јазик. Исто така има и неколку книги напишани на јазиците на соседните земји. Некои од нив се стари и повеќе од еден век. Тој исто така е сопственик и на 15 минијатурни изданија на весници, од кои најмалиот е со димензии 19 на 26 милиметри.