Бугарската колекционерка Марија Димитрова ја поседува најголемата збирка на календари во Бугарија. Димитрова, која живее во Бургас, во последниве 35 години собрала повеќе од 43 илјади календари и така влегла во локалното издание на гинисовата книга на рекорди.
И била врачена специјална статуетка, со која се потврдува дека е единствен сопственик на толкав број календари. Покрај календари со бугарските политичари, во нејзината колекција се наоѓаат и егзотични календари со мотиви од Тајланд, Јапонија, Кина, Норвешка и Египет.