Најголемата приватна колекција на играчки ќе биде понудена на аукција во њујоршката куќа Sotheby’s. Колекционерот Џери Грин играчките ги собирал повеќе од 50 години. Неговата колекција брои повеќе од 35 илјади играчки кои грижливо ги чува во пет подрумски простории во својата куќа во предградието на Филаделфија.
Поголем број од играчките се реплики на стари железнички станици, возови и мостови кои биле уништени за време на првата и втората ветска војна. Сопственикот се надева дека купувачот колекцијата ќе ја подари на некој музеј. Се очекува дека колекцијата на стари играчки ќе достигне цена од неколку десетици илјади долари.