Пензионираниот учител од Канада Жан-Гај Лакуер влегол во Гинисовата книга на рекорди со својата најголема колекција предмети со ликот на Дедо Мраз. Тој предметите почнал да ги собира 1988 година, и до денес успеал да собере рекордни 25.139 предмети со ликот на Дедо Мраз. Само салвети има повеќе од 1300, а на даската во тоалетот исто така му се смешка популарниот Дедо Мраз во црвено одело.
Рекол дека почнало да му недостига простор за сите сувенири. Сите предмети ги сврстува по групи, а чоколадните дедо мразовци на кои им поминал рокот на траење ги чува на посебна полица. Гинисовиот рекорд го соборил во 2004 година, но дури во 2009 неговото име било внесено во Гинисовата книга. Претходниот рекорд го држела една жена од Тексас, која собрала 1039 премети. Лакуер се надева дека неговата колекција еден ден ќе биде изложена во музеј.