Џеф Лебо е еден од најголемите колекционери на лименки пиво на светот, а својот дом во Пенсилванија го претвори во вистински музеј. Овој колекционер ги има прекриено речиси сите ѕидови на куќата со полици со лименки пиво, а неговата колекција вреди и повеќе од 1,6 милиони долари.

 

Во подолг временски период Џеф собрал преку 87 илјади лименки пиво, а за тоа му биле потребни околу 40 години. Затоа реши својата викендичка во планините да ја претвори во вистинско мало царство на пивото. Во ова го поддржува и неговата сопруга, а многумина се интересираат како ја брише прашината и пајажината од толкав број лименки.