– Со ваквиот чин конечно ке се стави крај на загадувањето на овој дел од крајбрежјето со оглед на фактот дека населбата Пештани „лежеше“ на септички јами, велат од локалната самоуправа, според која децениското пролонгирање на изградбата на колекторот се должи на неквалитетната изведба и контроверзите кои го следат проектот од неговииот почеток.
Со ставање во функција на овој дел од колекторскиот систем, Охридското Езеро од македонска страна е заштитено скоро во целост од загадувањето од отпадни води. Отпадните води од населбите Трпејца и Љубаништа, заради економска неоправданост од изградба на колекторски систем, ќе бидат пречистувани со „путекс“ односно специјални пречистителни станици, информираат од локалната самоуправа.