До  01 јуни оваа година во функција ќе биде ставена трасата од колекторскиот систем на потегот од Метропол до Пештани, оптимистички најавува локалната самоуправа. Со тоа, велат од општината  ќе се реши и проблемот со зафаќање на отпадните води на овој дел од крајбрежјето.


Во моментов, според информациите од општината, се работи на изградба на бетонски куќички каде треба да бидат поставени пумпите од колекторскиот систем. Нив ќе ги монтира скопската фирма „Хидроекоинженеринг“ чии експерти деновиве го обиколиле градилиштето.


По поставување на пумпите ќе следи тестирање на цевководот од колекторскиот систем кој е изграден пред 10 години, но никогаш не е пуштен во функција, иако во минатото дури два пати се сечеше лента во чест на тоа.

Ohridnews