Колекторскиот систем, поради тоа што нема доволен капацитет, неколку години наназад  е еден од најголемите загадувачи, на Охридското Езеро, велат од Еколошкото друштво Грашница . Од таму објаснуваат дека тој се прелева и кога нема огромно зголемување на нивото на езерото, како што е сега.

-Колекторот не се излева само  62 дена, како што изјавуваат надлежните, туку 162 дена и тоа континуирано неколку години. Ние постојано апелиравме, но никој не превзеде соодветни мерки, па по се изгледа езерото со зголемувањето на нивото на водата го дигна својот глас. –велат од Еколошкото друштво Грашница.

Тие упатија барање до надлежните служби под итно да преземат мерки за рехабилитација на Колекторот и пречистителната станица во Враништа. Според нив една од најкритичните точки на колекторскиот систем е во населбата  Грашница, но проблеми има  и кај пумпните станици во Далјан и Подмоље.

За да се спречи понатамошното излевање на отпадни води во езерото на овие локалитети, треба да се отстрани бајпасот во месноста Грашница, поради кој се  излеваат отпадните води во езерото. Истиот проблем го има и кај пумпните станици Далјан и Подмоље. Исто така треба да се реши проблемот со затворениот канал од улицата Бистрица како и со отворениот канал кај Феријалното летувалиште, во населбата Далјан. –нагласуваат екологистите од  Грашница.

OhridNews