Тој објасни дека коритото на реката Црн Дрим е проектирано за пропуст на вода, кој е многу поголем од она што во изминативе два месеци се испушташе, поради зголеменото ниво на езерото. Според него протокот на вода во оваа река бил намален поради фактот што коритото на реката не било исчистено многу години наназад. Поради тоа, тој предлага пред почетокот на оваа летната сезона, коритото да се исчисти, се со цел во иднина да нема слични проблеми со високиот водостој, кој направи големи штети врз Колекторскиот систем.
– Истекот на езерото во реката реката Црн Дрим во Струга треба да се затвори со најминимален истек, во временски период од 15 дена, со што ќе се овозможи да се исчисти коритото на оваа река, по целото незино течение. Значи коритото треба да се исчисти од дрвја и други наноси, кои со години се наталожувале, со што ќе може да се спушти од метар до метар и половина подолу, од онаа длабочина која што е сега. Во тој случај низ речното корито на Црн Дрим ќе се овозможи да се испушта и поголема количина на вода од 50 метри кубни во секунда, со што нема да биде загрозен системот за заштити на Охридското Езеро, односно пречистителната станица во Враништа. -вели Цветкоски.
Тој нагласи дека оваа мерка ќе придонесе, во тој временски период нивото на езерото да се зголеми за околу 15 сантиметри, но тој ризик би бил свесен, затоа што ќе се знае које е целта за негово преземање.
-За да се исчисти коритото на реката потребно е да се ангажира целокупниот потенцијал, човечки и материјален на ниво на Република Македонија, за да акцијата за чистење се спроведе истовремено на повеќе делови по течението на реката Црн Дрим. Откако ќе се исчисти речното корито, низ него ќе може да се испушта вода со количина од најмалку 70 метри кубни во секунда, со што многу брзо ќе се стабилизира водостојот, кој повеќе нема да се создава штети врз Колекторскиот систем. Нашиот предлог е оваа мерка да се превземе пред почетокот на летната туристичка сезона, затоа што во спротивно системот за заштита на езерото во текот на летото ќе претрпи уште поголеми штети.-вели Цветкоски.
Овој предлог не се најде помеѓу заклучоците на последната седница на Советот на Општина Охрид, на која се расправше за мерките кои треба да се превземат, за во иднина да нема слични проблеми предизвикани од зголеменото ниво на Охридското Езеро.