-Се надеваме дека нема да има големи природни непогоди, како што тоа беше случај минатата година со зголемувањето на нивото на Охридското Езеро од обилните дождови и колекторскиот систем ќе може да ги прифати отпадните води од општините Охрид и Струга и да ги пречисти.-изјави за OhridNews, Бранислав Трпчески, директор на МЈП „Проаква“.
Трпчески појаснува дека колекторот во моментов има капацитет да прифаќа околу 10 милиони кубици вода на годишно ниво, а минатата година сервисирал двојно повеќе, поради што се наметнува потребата од нови инвестиции во подобрување на пречистителниот систем.
-Приоритетно треба да се инвестира во изградба на транзитниот цевковод од препумпната станица во Струга до пречистителната станица во Враништа, заради зголемениот обем на работа и проблемот со подземните води.-посочува Трпчески.
Помош во реализацијата на овој проект „Проаква“ очекува и од државата, до која било упатено барање преку ресорните министерства да партиципира со средства од буџетот во подобрување на капацитетите на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.