– Според она што го слушам од мештаните главен проблем е тоа што не е изграден колекторот. Пред изборите Петрески и Црвенковски ветиле дека ќе го направат тоа, но не го оствариле ветеното. Тоа е клучниот проблем во овие куќи, особено онаму каде септичките јами се преполнети, каде не може ништо друго да ја спаси ситуацијата освен колекторот. Ние ќе испратиме екипи со цистерни да помогнат краткорочно да се исцрпи водата, но конечното решение сепак е кај градоначалникот Петрески, кој за жал не е тука, рече Ставрески.
Според Ставрески состојбата со Охридското Езеро не е критична, но е сериозна.
– Ние остануваме максимално посветени со преземање мерки состојбата да не стане критична, додаде Ставрески.