Коледарската песна денес запеаја и активистите на Црвен крст Охрид и претставници од Активот на жени пензионери, при нивната посета на старите лица во Геријатриското одделение при Општа болница Охрид. Нескриена беше радоста и емоциите кај нашите стари сограгани од дружењето со младите активисти на Црвен крст Охрид, на кои им раскажуваа како некогаш тие го одбележувале и славеле Коледе, Бадник и Божиќ. Не изостана ниту песната и орото, а сите стари лица добија подароци од активистите на Црвен крст Охрид.


Коледарска песна и во Геријатрија

Ohridnews