Весело е за Бадник низ охридските маала. Коледарите од раните утрински часови ги посетуваат домовите на охриѓани пеејќи коледарски песни, а домаќините ги даруваат со овошје, благо и по некоја паричка.
Бадникарските обичаи се различни од место до место, но убави и богати. Неизоставен дел од традицијата е богатата бадникова трпеза на која се собира семејството.
Г.М.