Театарската претстава „ На два стола“ во режија на Коле Ангеловски, а на текст од познатиот британски комедиограф Реј Куни што ќе ја изведе Народниот театар „ Војдан Чернодрински “ од Прилеп вечерва свечено ќе го отвори Првиот меѓународен фестивал на комедија„ Охрид Арт“.
   
Режисерот, Коле Ангеловски на денешната прес-конференција рече дека комедијата во Прилеп за 5 месеци колку што била на репертоарот се играла 33 пати, а изрази надеж  оти  претставата и воопшто, фестивалот,  ќе наидат на голем прием кај публиката во Охрид.
   
„ Комедијата е на маргините од она што се случува во нашата татковина“, рече Ангеловски и додаде дека комедијата се по
тешко го наоѓа сопственото место, а ниеден театар не може да живее без неа“.
   
Втората  фестивалска вечер е закажана за 24 јуни кога театарот „ Бора Станковиќ“ од Србија ќе ја изведе комедијата „Покондирена тиква“. На 25-ти јуни, словенечкиот театар  „лили Агли“ ќе ја игра „Хотел Бабилон“.  Следната вечер на репертоарот е театарската претстава „ Сонлив нагон“ со кралскиот театар од Црна Гора, а фестивалот, на 27ми,  ќе го затвори  Театарот „Вировитица“ од Хрватска со  комедијата „Љубовта е посилна од мечот“.
   
Претставите ќе се играат на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 21 часот.

                        Александра Ристоска