Обожавателите на бендот Колдплеј ќе бидат разочарани од веста дека фронтменот на групата Крис Мартин најавил тригодишна пауза кога станува збор за концертите. Тоа значи дека популарните британци нема да можат да ги гледаат во живо.
Кога ќе ја завршат моменталната светска турнеја, момците од Колдплеј планираат да направат подолга пауза, а Крис по концертот во Австралија изјавил дека ова е последно големо шоу кое ќе го направат во наредниве три години.
До крајот на актуелната турнеја ги очекуваат уште три настапи во САД, а потоа ќе се посветат на припремата на новиот албум.