Поранешниот српски репрезентативец Александар Коларов објави денеска дека става крај на својата фудбалска кариера на 36-годишна возраст.
Коларов, кој последните две сезони настапуваше за Интер, најави дека планира да остане поврзан со фудбалот како спортски директор и скаут.
Отсекогаш знаев дека порано или подоцна ќе дојде овој момент. Иако ми е жал поради тоа што затворам едно поглавје од својот живот, благодарен сум што успеав да го остварам тоа што отсекогаш го посакував, наведе Коларов.
Во кариерата настапуваше и за Чукарички, ОФК Белград, Лацио, Манчестер сити и Рома, а за српската репрезентација одигра 94 натпревари и постигна 11 голови.
OhridNews