Со необична изјава Александар Коларов одговори на критиките од навивачите за слабите резултати на Рома во италијанската Серија А. Српскиот репрезентативец рече дека симпатизерите си земаат премногу слобода и коментираат за играта на неговите соиграчи.
- Неможам на никој да му обеќам дека ќе играм подобро или дека екипата ќе го направи тоа. Единствено, можам да гарантирам дека секогаш ќе давам 100%. Навивачите мораат да бидат свесни дека не разбираат фудбал и не можат да коментираат за секој натпревар. Јас себе си никогаш нема да си дозволам да ги критикувам Новак Ѓоковиќ и другите тенисери и да ги советувам како треба да играат. Сакам да гледам тенис и кошарка, но јас незнам ништо. – изјави Коларов.
Во вториот дел на средбата со медиумите Србинот говореше за дуелот со Реал Мадрид, кој ги очекува во петтата рунда од фазата во групи во Лигата на Шампиони.
- Мора да победиме. Тој е единствен начин на кој треба да размислуваме. Да ги оствариме нашите цели мора да постигниме барем еден погодок. Реал Мадрид е актуелен шампион на Европа, но ние играме на домашен терен и мора уште на стартот да му покажеме каде се дојдени. – истакна офанзивниот фудбалер на „волчицата“.
Рома и Реал Мадрид по четири одиграни мечеви имаат по 9 бодови и ја делат првата позиција. Третопласирана е екипата на ЦСКА Москва со 4 поени, а Викторија Плзен со 1 бод е на четвртото место на табелата.
OhridNews