Речиси целата област на Црна Гора е без струја, соопшти Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС).

Како што се наведува во краткото соопштение на Фејсбук страницата на ЦЕДИС, проблемот е „дефект во мрежата на црногорскиот електропреносен систем.

Не се знае кога проблемот би можел да се реши.

Во исто време, како што пренесуваат хрватските медиуми, речиси цела Далмација е без струја.

Без струја останаа Сплит, Омиш, Макарска, Дубровник и Жупа Дубровачка, Каштел, Солин, Водице, Првиќ, Задар, Стариград Пакленица, бројни острови…

Прекинот на снабдувањето со електрична енергија во делови на Република Хрватска предизвика меѓународен прекин што зафати повеќе земји, се вели во соопштението на Хрватската електроиндустрија (ХЕП).

Хрватскиот преносен систем оператор (ХОПС) врши анализа со системските оператори од соседните земји за да се утврди причината. За да го ублажи проблемот со меѓународниот прекин во снабдувањето со електрична енергија, Хрватска електростопанстви ги стави во целосна функција сите производствени капацитети за ХОПС да обезбеди што поскоро дистрибуција на електрична енергија за граѓаните на Хрватска, јавија хрватските медиуми.

Како што дознава Хина, досега никогаш немало дефект на електроенергетскиот систем преку три држави. Исто така, се дознава дека во моментов диспечерите интензивно разговараат меѓу себе, држава со држава, за да утврдат што се случило и да направат план за закрепнување, бидејќи ниту една држава не може да биде изолирана во однос на напојувањето, бидејќи сите се поврзани со далноводи.

Без напојување со електрична енергија денеска остана цела Босна и Херцеговина. Ова за локални медиуми го потврди Елекропренос БиХ.

Без електрична енергија од пладне е Тирана и повеќе градови во Албанија, како Корча, Елбасан, Скадар, Драч, Поградец, Лежа и Кукс.

Илјадници семејства останаа без струја во топол ден кога температурите достигнаа 41 степени Целзиусови и кога денешниот ден е еден од најтоплите денови. Недостигот на електрична енергија предизвика хаос во сообраќајот поради неработење на семафорите, објавија медиумите.

Официјално соопштение за причината од државните институции нема, но, медиумите наведуваат дека има проблеми со далноводот Албанија-Црна Гора, но и далноводот Албанија-Грција.

Г.М.