Пратениците од редовите на владејачката партија, ВМРО ДПМНЕ: Анита Кипаризовска-Крстеска, Владо Стефаноски, Цветко Грозданов и Александар Николоски, синоќа во ресторанот “Европа ” приредија свечен коктел по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија. На коктелот присуствуваа партиски членови, но и јавни личности ,  локални политичари, новинари. На средбата присуствуваа и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, претседавачот на Советот, Владо Чингоски и повеќе советници, како и преставници на ДУИ и на ограноци на други политички партиии во Охрид. На овој начин сакаме одбележувањето на Денот на независноста да го подигнеме на повисоко ниво со што ќе го потенцираме значењето на овој историски датум, ни изјави во кусиот разговор сеуште актуелниот претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ и пратеник, д-р Владо Стефаноски.


Денот на независноста одбележан со коктел

Ohridnews