Американски хотел во градот Кенебанк обележува 40 години од постоењето и за тој јубилеј најавил дека ќе служи коктел Руби Роуз по цена од 40 илјади долари. Руби Роуз ќе биде послужуван од 1 јуни до крајот на оваа година во ресторанот во хотелот Вајт Брн Ин. Коктелот помеѓу остнатото се прави од водка „Hangar one“, свежо исцеден сок од грејпфрут и рубин од четири карати.

Идејата за додавање рубин во коктелот потекнала од еден гостин кој се шегувал со вработените во ресторанот. Се воспоставило дека тоа на коктелот му дава посебна боја. За јубилејот, хотелот специјално ќе го послужува овој коктел. Персоналот на хотелот е свесен дека продажбата на коктелот нема да оди така лесно. Тие велат дека ќе биде вистински подвиг доколку успеат да продадат повеќе од еден коктел.