Кокосовото масло е одлично како за косата, така и за кожата. Нема никакви нуспојави и погодно е за сите типови.

Кокосовото масло е едно од најдобрите масла кое поборниците на природна козметика може да го користат. Нема никакви нуспојави, погодно е за сите типови кожа, лесно се измива и не ги затвора порите. Што се однесува на косата, тоа и дава сјај, ја храни и зајакнува.

Кокосово масло во лето

Кокосовото масло во лето е многу корисно. Одлично е да го нанесете на кожата за да спречите изгореници од сонцето, убаво да се исончате и да го зачувате својот темен тен. Освен тоа, кокосовото масло е идеална заштита за косата за време на лето.

Рецепт за користење на маслото за нега на косата

Ако сакате да го користите кокосовото масло за нега на косата, најдобро е кокосовото масло да биде малку затоплено (но не на директен извор на топлина). Треба темелно да го втриете во темето и косата, од коренот до врвовите. Исто така, измасирајте ја косата со врвовите на прстите. Маслото оставете го на косата барем еден час, а најдобро би било да го оставите на главата преку ноќ. Измијте ја косата со шампон и уживајте во позитивното делување на кокосовото масло.

 

извор:cromoda.com