Вечното прашање што е постаро, кокошката или јајцето, се чини дека го доби својот одговор. Англиските научници тврдат дека кокошката е постара од јајцето, бидејќи јајцето може да настане единствено со помош на еден протеин кој се наоѓа во јајниците на кокошката.
До овој заклучок се дошло со испитување со метод на биоминерализација на лушпата на јацето. Постоењето на овој протеин им било познато на научниците, но не знаеле во која мера влијае врз формирањето на лушпата на јајцето.