Еден одгледувач на пилиња во Хрватска стана многу популарен откако една од неговите кокошки почна да неси зелени јајца, за кои заинтересираните за велигденските празници нудат дупла цена.


Сопственикот, кој кокошката ја крстил Фата вели дека јајцата се со нежно зелена боја. Се претпоставува дека бојата доаѓа поради тоа што во храната ставал пиперка, и сопственикот не верува дека се работи за некакво чудо. Зелените јајца станаа толку популарни што за нив се нуди поголема цена. Сличен случај имаше и минатата година. Тогаш од зелените јајца се изведија пилиња кои имаа зеленикави перја. Научниците засега немаат објаснување за ваквата појава.