Харвис “КОКО“ Кофилд е новиот играч во ростерот на АМАК СП.  Американецот Кофилд (26) во својата кариера во сезоната 2005-2006 настапувал во германската втора лига во БГ Леитерсхофен каде во 11 настапи имал просек 27,6 поени по натпревар .

Минатото лето бил дел од кампот на Минесота Тимберволвс, а доаѓа од тимот на Аталанта “хардхетс“ кој настапува во американската (WBA) .

Кофилд би требало да биде решението за позцијата “еден“. Синоќа тој го имаше првиот тренинг со екипата .


се запозна со новите сооиграчи Колфилд (жолта маичка)

 – Не планиравме да се засилуваме со нов играч – вели за ohridnews потпреседателот на КК АМАК СП Кристијан Шапкар. Но, повредите на неколкуте играчи и засилувањата на останатите клубови во лигата не “примораа“ на ваков чекор.“Коко“ ги мина лекарските прегледи и по комплетирањето на документацијата ќе го има своето деби, се надеваме дека тоа ќе биде на мечот против акутелниот шампион Струмица во недела – завршува Шапкар .


ќе биде опција плус за Гацов

Повредите на Вегов и Д.Стојаноски кој ќе биде во аут до крајот на сезоната, го принудија АМАК СП да се засили на плејмејкерската позиција каде во моментов е најтенок. Сигруно “Коко“ ќе му даде опција плус на тренерот Гацов во пресрет на последните две кола.

Од прв поглед задоволува – вели Иор Гацов. Задоволни сме како е подготвен, а според она што го видов играта “еден на еден“ е негова посилна страна .


играта еден на еден главен адут. Колфилд – Ѓорѓески

Кофилд ќе биде третиот странец во тимот на АМАК СП. Покрај “Коко“ во тимот се уште Џерид Фрај и Вилијам О`Нил кои се миленици на охридската публика, а со својата игра во целост го оправдаа нивниот ангажман.

Во последните две кола АМАК СП на домашен терен во недела ќе игра против Струмица, додека во последното коло во среда гостуваат на Пелистер во Битола .