Американската старлета Коко Ти и нејзиниот сопруг, раперот Ајс ти го очекуваат своето прво дете после 15 години брак, потврдуваат американските медиуми. Веќе години се во брак, а сега се случи и она што долго го чекаа, ќе станат родители.
Нејзиниот сопруг веќе има две деца од претходни врски и 20-годишен внук, а на Коко Ти конечно ќе и се оствари долгогодишната желба да биде мајка. Уште од претходно бујната старлета изјави дека е под огромен притисок на јавноста и семејството, бидејќи сите ја прашуваа кога мисли да има деца. Сега конечно може да и олесне, бидејќи чекањето секако е исплатливо.